Чудесна земја – Таор (документарец)
Dec 16th, 2011 by admin
Dec 16th, 2011 by admin
Jul 22nd, 2011 by admin
Видео клипот е сопственост на Алфа ТВ, а е позајмен од на Емисија ‘Живот’ со новинарот Зоран Бојаровски
Jun 2nd, 2010 by admin
Доцноантички шлемови откриени на Таор
„Јустинијана Прима мораме да го бараме тука, а не во Србија“, изјави aрхеологот Кирo Ристов наспроти тврдењата во НИН

Археологот Киро Ристов, советник од Музејот на град Скопје кој веќе десет години раководи со истражувањата на локалитетот Градиште во с.Таор, за кој се претпоставува дека е античкиот град Тауресиум, родното место на Јустинијан Први, вчера на локалитетот презентираше редок наод, два доцноантички шлема од 5-6 век, пронајдени при последните истражувања започнати во март. Воедно, го изрази и своето несогласување со објавените, без потребниот прашалник тврдења во српскиот весник НИН, дека митскиот град Јустинијана Прима се наоѓа на локалитетот Царичин град во Србија.
повеќе во прилогот од Утрински весник
Шлемови од 5 и 6 век – едни од дваесетината откриени во светот
Двата откриени шлема од доцноримскиот период претставуваат ретки наоди во светски рамки и единствени пронајдени во Македонија. Откриени се и повеќе елементи од воена опрема, односно централниот дел од дрвен штит и уште еден дел од шлемот т.н. образник
“Двата откриени шлема од петтиот и шестиот век, односно од доцноримскиот период, претставуваат ретки наоди во светски рамки и единствени пронајдени во Македонија. Откриени се и повеќе елементи од воена опрема, односно централниот дел од дрвен штит, (умбо), како и уште еден дел од шлемот т.н. образник. Ова се елементи кои се мошне ретки на подрачјето на Балканот. Два такви шлема се откриени кај Нови Сад, Србија, и два во Бугарија. Се работи за шлемови кои според типологијата се од типот берасково. Се работи за населба во Војводина, каде што се најдени првите такви шлемови. Од овој вид шлемови има откриено и во јужна и западна Европа и неколку во Северна Африка, но во целото римско царство има откриено околу дваесетина и затоа го сметаме за ексклузивен наод, вели Ристов.
повеќе во прилогот од Вечер
Jun 2nd, 2010 by admin
Зошто Македонија и по деценија од пронаоѓањето се уште срамежливо го крие местото каде бил роден последниот римски и првиот византиски владетел – Јустинијан. Освен реткото споменување по историските учебници, уште по ретко скопски Таор се промовира како туристички локалитет.
Во десетте години интензивни археолошки истражувања почвата оддаде јавни градби но и приватни куќи, бедеми, помали археолошки наоди. А минатата седмица откриени се и три значајни шлемови и елементи од воена опрема.
- Мошне се ретки на Балканот такви шлемови што датираат од петтиот и шестиот век се откриени два во Србија и во Бугарија. Севкупно такви шлемови од целото римско царство има дваесетина – вели Киро Ристов – раководител на истражувањето.
И додека Македонија мирува српски „Нин“ веќе ја објави сторијата како не Таор туку Јустинијана прима е родното место на Јустинијан.
- За тоа не информира неговиот биограф Прокопиус Таурисиус во близина на Бадеријана. Проверката лежи само во спротивставување на ставовите – рече Ристов.
Доцната античка населба веќе го добива својот лик. Работно ја нарекуваат куќата на рибарот – во неа пронајдено е цело депо на јадици. Најмалата од еден сантиметар, харпуни. Другата куќа ја нарекуваат куќата на свештеникот . Во неа се криеле два крста и кандило. Откриени помеѓу 1200 и 1300 ситни археолошки наоди меѓу кои копја, стрели, прстенчиња, обетки, брошови.
01.06.2010, 17:20
извор Канал 5