Белешки за современата некропола на селото Таор
Apr 14th, 2010 by admin
Откако постојат градовите, постојат и некрополите, кои го означува градот на мртвите луѓе кој вообичаено се наоѓал надвор од местото на живеење. За голема несреќа по науката и археологијата, античката некропола на Тауресиум лежи под денешното село Таор, додека современата некропола на мештаните се наоѓа веднаш до самиот локалитет. Поточно, за да се стигне до Тауресиум, мора да се помине низ денешните гробишта на мештаните кои изобилуваат со необични надгробните споменици кои се наоѓаат вгнездени помеѓу современите гробови. Овие интересни споменици се прилично обраснати со вегетација, а со оглед на благата падина на која се простираат, може да се увиди дека им припаѓаат на постари културни слоеви.
Кај луѓето од селото постои предание дека овие гробови се римски, што можеби потекнува од самиот факт дека Tауресиум е доцноантички град и во околината вообичаено можат да се најдат римски стели. Сепак, типологијата, морфологијата и семиотиката на оваа гробна архитектура е сосема поинаква од античката, па дури и од средновековната. Досега не е познато дека истражувачите во Македонија (етнолози, археолози, историчари) се бавеле со оваа тематика, но според литературата која може да се консултира во Србија и Бугарија за ваквов тип на остатоци, постои мислење дека тие потекнуваат од 19., можеби и 18. век, а некои и од почетокот на 20 век. Во надеж дека можеби ќе допринесеме за малку поинаков развиток на научната мисла, објавуваме поголем дел од овие надгробни споменици, да послужат како архива при некои идни истражувања.
За поголема резолуција кликнете на секоја фотографија посебно. За да ја видите галеријата кликнете на слдниот линк – http://pbckt.com/sA.e6O
















